(ВИДЕО) Над оваа земја експлодираше метеор, па имаше земјотрес
Објавено во: Свет 17 Јануари, 2018
Силна експлозија вчера имаше на небото над американската држава Мичиген.
Блесокот и експлозијата се снимени од многуте камери на автомобилите, но и од безбедносните камери на објектите.
Како што објави американската Национална метеоролошка служба, речиси сигурно се работи за метеор што навлегол во атмосферата на Земјата, согорел и на крајот експлодирал.
Некои жители на Мичиген кажале дека нивните домови се треселе. Имало илјадници повици од загрижени граѓани.
Геолошката служба на САД информира дека е регистриран како земјотрес со јачина од 2 степени во Мичиген.
Бил Кук од Канцеларијата за метероиди на НАСА за Детроит Њуз изјави дека е „дефинитивно метероид“ и ретка глетка за Мичиген, пренесе АП.