Видео: Најопасниот тренинг на руските специјалци - Една грешка сигурна смрт
Објавено во: Свет 12 Февруари, 2017
Викерс Тактикал кои се прославија во САД со демонстрирањето на вештини со оружје ја посетија Русија каде добија ексклузивен пристап до руските специјални сили на ФСБ кои го имаат најопасниот тренинг во светот.
Оперативците се тестирани под силен притисок, па дури и со луѓе кои се поставени пред самите мети. Се користи вистинска муниција, па само една грешка може да значи сигурна смрт за тренинг офицерите. Овој напреден тренинг го има само во Русија.