19 Април, 2024
0.2691

(ВИДЕО) Најтешкиот човек на светот има половина тон, и води борба за живот

Објавено во: Стил 08 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Хуан Франко е најдебелиот човек на светот. Овој Мексиканец е тежок повеќе од половина тон, во еден момент имал дури неверојатни 595 килограми, а во последните седум години е врзан за кревет.

Хуан со дебелината се бори цел живот, и конечно успеал малку да ја намали својата килажа како би можел да оди на операција која би можела да му го спаси животот. За овој хируршки зафат се подготвувал во специјализирана болница за губење килограми. 

Неговиот доктор, Хосе Антонио Круз рекол дека Хуна изгубил речиси 30 посто од својата тежина, така да сега е подготвен за операција.

Кога Хуан дошол на клиниката за да изгуби килограми заради баријатриска операција, речено му е дека страда од сериозни медицински заболувања, како дијабетес, што тогаш зафатот го правел невозможен. По ригорозниот режим на исхрана, Хуан успеал доволно да ја намали килажата како би можел да подлежи на хируршки зафат.


Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре