19 Април, 2024
0.0257

(ВИДЕО) Најздрав народ на светот: Тврдат дека се потомци на Александар Велики,а живеат и до 120 години!

Објавено во: Стил 19 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Еден од најздравите народи на светот е малиот народ кој се наоѓа во планинското подрачје на северот од Пакистан, близу до границата со Авганистан, Кашмир и Кина. Хунзите за себе тврдат дека се потомци на Александар Велики.

Повеќе сличности имаат со Европејците отколку со другите Азиски народи. Во последните децении имаат доста посетители од сите делови на светот.

Тие не се мит, но живеат на „кровот на светот“

Една до причините за тоа е нивната специфична младоликост, отпорност на разни болести меѓу кои е и рак, а на тоа во прилог говори и фактот дека просечен животен век им е околу 100 години, иако многу меѓу нив живеат од 110 до 120 години. Денес постојат околу 30 илјади Хунзи народ, а иако за тоа не постојат пишувани докази, велат дека меѓу нив имало и поединци кои доживеале и до 160 години. Оваа мала, среќна и необична заедница живее на надморска височина од околу 3000 метри, а се вели дека Хунзите е невозможно да ги погоди старост бидејќи на 40 години изгледаат дупло помлади.

Како е можно тоа? Ни научниците не се сосема сигурни, па се фрлиле на изучување на нивните животни навики со надеж дека така ќе го откријат „светиот грал на здравјето“. Самите припадници на народот тврдат дека тајната на нивната младоликост и имунитет е во здравите навики.


Раѓаат и во 65-тата?

Иако е познато дека женската плодност драстично се намалува после 40-тите, кај Хунзите ова правило и не е толку строго и постојат примери на жени кои раѓале и на 60 години, бидејќи менопаузата им настапува подоцна. Тоа е благодарение на живот со малку стрес, многу секс и најдобра исхрана на светот.

Се капат во студена вода

Факт е дека Хунзите ретко се разболуваат, и тоа не само од хронични болести како рак, дијабетес или пак срцеви болести, туку и ретко се заразуваат со краткотрајни вируси како грип.

Научниците нагодуваат дека зад се стојат бројни методи со кои тие уште во младоста го јакнат имунитетот, а познато е дека Хунзите без проблем се капат во сосема студена вода.


Редовно постат

Специфично за Хунзите е дека го јадат она што сами го одгледуваат-не прифаќаат увозна или индустриски произведена храна, а за научниците токму тоа е една од тајните на нивната долговечност.

Тие јадат сирово овошје и зеленчук, јаткасти плодови, многу сушено овошје, разни житарки (просо, хељда и јачмен), овчјо сирење, млеко и јајца. Еден дел од годината не јадат ништо во траење помегу два и четири месеци туку пијат само сок од сушено овошје. Тоа кај нив е традиција од одамна која посебно ја почитуваат.

Семките од кајсии се богати со витамин Б17 кои делуваат антиканцерогено, а тие од семките прават масло.

Многу се движат и се смеат


Хунзите поминуваат многу време во природа, на свеж воздух, постојат бројни научни студии кои ги потврдуваат бенефитите од таквата пракса, а за Хунзите е специфично што на ден дижат и околу 20 км.

Освен тоа, ништо не може да се спореди со движењето по нерамен природен терен со часови, што за нив е секојдневие.

 Додека во остатокот од светот се работи „на норма“ и под постојан стрес, Хунзите практикуваат медитација.

Што се однесува до земање пауза, тие му веруваат на својот инстинкт и едноставно се одмораат кога почувствуваат дека тоа им е потребно. Иако се многу дружељубиви, припадниците на овој народ, имаат навика и неколку часа дневно да поминуваат сами, кога медитираат и им се посветуваат на своите мисли.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган