19 Април, 2024
0.0352

(ВИДЕО) НАПАДИ СО КИСЕЛИНА ВО ЛОНДОН: Повеќе лица се повредени

Објавено во: Свет 24 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Шест луѓе се повредени во повеќе напади со киселина кај еден трговски центар во источен Лондон. 

Нападот се случил во близина на центарот Стратфорд во Стратфорд.

Инцидентот не се смета за терористички чин, рече портпаролот на полицијата.

„Неколку луѓе се повредени на различни локации - се верува дека станува збор за шест лица. Чекаме понатамошни детали“-соопшти полицијата во Лондон.

Еден човек е уапсен под сомнеж дека предизвикал тешки телесни повреди. 

Oчевидците раскажаа дека виделе група луѓе што се расправале, а потоа најмалку една жртва чие лице изгледало изобличено од изгореници од киселина.

„Имаше засеци околу неговите очи, а тој се обидуваше да ги исплакне со вода“- изјави сведок за Гардијан, опишувајќи дека жртвата и нејзин пријател се обидувале да ја „измијат киселината од лицето“ во тоалетот.


Во Обединетото Кралство во последниве години има зголемување на бројот на нападите со киселина. Во јули Владата најави построги казни за ова дело. 

Можеби ќе ве интересира

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција