29 Март, 2024
0.0229

(ВИДЕО) НЕОБИЧЕН КАФИЧ, А НОСИ ОДЛИЧНА ЗАРАБОТКА: Бесплатно се јаде и пие, ама се плаќа за ...

Објавено во: Стил 24 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Во овој кафич на располаѓање ви е храна, пијалок и wifi, и сето тоа може да го конзумирате бесплатно, ама ќе ви наплатат само за една работа.

„Зиферблат е кафич во Манчестер во кој на располагање имате храна, пијалок и wi-fi кои можете да ги конзумирате и користите во неограничени количини, а на одење ќе платите само за времето на престој и тоа шест пени за минута.

Во пространиот објект, кој мириса на домашна атмосфера со каучи, лежерни фотелји и натказни, сопствениците применуваат сосема нов бизнис модел во угостителството, а гостите опишуваат дека во него имаат чуство како да се во својот дом.

Концептот заживеал во Русија и малиот ланец на локали сега се шири во Велика Британија. Првиот е отворен во Лондон пред две и пол години, потоа во Ливерпул, и Манчестер а во подготовка е отворање на уште неколку.

Сопственикот вели дека најкраткиот престој бил три минути за што е платено 18 пени, додека најдолгиот гостин останал 11 часа, пишувајќи книга на својот лаптоп. Месечно преку овој кафич поминуваат 10 000 гости.