(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Три лица загинаа, Германците да не излегуваат од дома
Објавено во: Свет 14 Септември, 2017
Бурата „Себастијан“ во Германија однесе три животи.
Според информации на локалните противпожарни служби, тело на маж во инвалидска количка е пронајдено во река во северниот град Хамбург. Според сведоци, тој паднал во вода, но и покрај обидите на службите за спасување, меѓу кои и нуркачи, чамец и хеликоптер не можеле да го спасат.
Меѓу загинатите е и еден пешак во Хамбург, кого го погодило скеле што паднало од седми кат на една зграда, соопшти полицијата. Тој е пренесен во болница, но подоцна починал.
Трета жртва е 53-годишен маж кој паднал од дрво во градот Брилион.
Во северниот дел на земјата е регистриран ветер со јачина на ураган од 130 километри на час.
Невремето денеска се движи и кон источниот дел на земјата, соопштија германските метеоролози.