(ВИДЕО) ХАОС ВО ИСТАНБУЛ: Невремето ги натера граѓаните да пловат со чамци
Објавено во: Балкан 28 Јули, 2017
Повеќе од три лица се повредени во невремето што вчера го погоди турскиот град Истанбул.
Обилните дождови ги поплавија улиците и предизвикаа проблеми во движењето. Забележани се паднати дрвја.
Надојдената вода носеше автомобили по улиците, предизвика прекин на градскиот сообраќај, како и откажување на летови на Меѓународниот аеродром „Ататурк“. Запрен беше и поморскиот сообраќај, а некои жители на градот со гумени чамци пловеа по поплавените булевари.
#İstanbul pic.twitter.com/0zwdUsAaNO
— Mustafa Ekici (@mustafaekici23) July 27, 2017
Невремето предизвикала и материјална штета. При експлозија во пристаништето е повреден еден човек. Кран паднал врз нафтени склад и предизвикал пожар, кој подоцна е локализиран.
Други две лица се повредени при уривање на ѕид на гробишта. Можно е под урнатините да има уште луѓе.
Вакво невреме се случува по втор пат во последните 10 дена.