(ВИДЕО) Незапамтен град во Истра: Се побеле како да е зима!
Објавено во: Балкан 26 Јули, 2017
Невреме проследено со силен град го погоди подрачјето на Пломина во Истра. Како што јавија хрватските медиуми, поради силни врнежи и град се вози отежнато, со застои и чекање, посебно на широкото подрачје на Пломина. Возачите се молат за стрпение до подобрување на временските услови.
Мештаните од Лабинштине велат дека вакво нешто во овој период од годината не виделе.
Истрамет наведува како екстремен град го прекрил Пломин претворајќи го во зимско руво. Температурите на воздухот нагло опаднале на само 13-14 степени со силен ветар.