(ВИДЕО) НОВА АТЛАНТИДА: Еве како изгледа град потопен пред 25 години
Објавено во: Свет 22 Јули, 2017
Вила Лагуна де Епекуен е град кој е потопен пред 25 години во близина на Буенос Аирес, во Аргентина.
Пред вода да го „проголта“, ова место имало 5000 луѓе, а жители на околните места доаѓале тука на одмор.
Во 1985 година брана попуштила и го потопила градот.
Луѓето се качувале на покривите во надеж дека водата ќе се намали, но тоа не се случило.
Сите мештани се иселиле, освен еден човек кој останал да живее во својата камена куќа. Во 2009 година водата почнала да се повлекува од градот.