(ВИДЕО) НОВИ ЗАСТРАШУВАЧКИ СНИМКИ ОД УРАГАНОТ МАРИЈА: Се слуша само звук на ветер
Објавено во: Свет 19 Септември, 2017
Се појавија и нови снимки од островот Доминика каде удри ураганот Марија.
Уште нема податоци за жртви и материјални штети.
На снимките се слуша звук од силен ветер и бродови кои се кршат борејќи се со силните бранови, како и стебла од дрва.
Ураганот Марија за неколку часа помина од трета во петта и највисока категорија со ветер од 260 километри на час при што ги погоди островите Мартиник и Гвадалупе.