18 Април, 2024
0.0236

(ВИДЕО) Обама под сериозни критики – џвакал мастика за време на француската химна!

Објавено во: Стил 07 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Барак Обама се соочува со големи критики на социјалните мрежи откако се појави видео во кое тој џвака гума за џвакање (веројатно никотинска) и тоа за време на интонирањето на француската химна на одбележувањето на Денот Д во Нормандија. Како „вулгарно“ и „срамотно“ се оценува однесувањето на Обама на одбележувањето на важниот јубилеј - 70 години од истоварувањето на сојузничките трупи на брегот на Нормандија. Еден од корисниците на социјалните мрежи го нарекол американскиот претседател „мангуп“. И на комеморацијата на јужноафриканскиот лидер Нелсон Мандела минатата година Обама исто така беше снимен како џвака мастика, па дури и како си се фотографира, што предизвика негодувања на јавноста. Американскиот претседател е поранешен пушач и често е критикуван затоа што во јавност џвака гуми за џвакање, а неговите блиски соработници објаснуваат дека на овој начин тој се бори птоѕив желбата за пушење. Дали е толку страшно однесувањето на Обама, проценете самите: http://www.youtube.com/watch?v=7aTcvnnpd7s

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре