(ВИДЕО) Откриен осми континент, каде се наоѓа?
Објавено во: Свет 16 Февруари, 2017
На нашата планета има уште еден континент кој е поврзан за Нов Зеланд.
Истражувачи утврдиле дека Нов Зеланд и Нова Каледонија се одвоени од Австралија, и припаѓаат на тој нов континент кој има површина од 4.6 милиони квадратни километри.
Геолошкото друштво од Америка тврди дека 94% од овој континент е под вода.
Се смета дека е под вода поради раздвојување на плочи од континентот.
Тие го нарекле Зеландија, а претходно се сметало дека се работи за потопени острови.
Зеландија има дебелина на кората од 10 до 30 км и е голема колку Индија.