29 Март, 2024
0.0272

(ВИДЕО) ОТКРИЕНО ОГРОМНО И ОПАСНО ЕЗЕРО под површината на Америка: Може да предизвика катастрофа на Земјата!

Објавено во: Стил 16 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Голема количина на растопен јаглерод, која би значела катастрофа за планетата кога би се проширила, е пронајдена под американското тло.


Научниците ја откриле на површина од 1.8 милиони квадратни километри. Тоа е површина на цело Мексико, а истражувачите сметаат дека може да предизвика голема штета за околната природа.

Ова откритие би можело да ги промени досегашните сфаќања колку јаглерод има на Земјата, и сугерира дека има многу повеќе отколку што претходно верувавме.

Би било невозможно да копаме доволно длабоко за да би можеле да го видиме тоа физички, така да група научници користела масовни сензори за да би успеале да го насликаат јаглеродот под површината на земјата.

Јаглеродот под површината во еден момент ќе излезе на површината со вулканската ерупција и ќе влијае на климатските промени, бавно, но со крајно големи последици.

Врз основа на ова откритие научниците веруваат дека нашата планета содржи 100 трилиони метрички тони  CO2.