(ВИДЕО) ОВА Е КРАЈ НА ЏУНГЛАТА: Нема веќе мигранти во Кале
Објавено во: Свет 26 Октомври, 2016
Француските власти соопштија дека е завршено „чистењето“ на мигрантскиот камп „Џунгла“ во пристанишниот град Кале, три дена после почетокот на операцијата рушење на тој камп.
Ова е крај за џунглата, нашата мисија е завршена. Веќе нема мигранти во кампот, ја пренесуваат светските медиуми, изјавата на Фабиејн Бусио.
Би-Би-Си наведува дека овој камп станал клучен симбол на мигрантската криза во Европа, со неговите жители кои очајнички се обидувале да стигнат до Велика Британија.
Властите од понеделникот организирале возење на мигрантите со автобуси во други делови на Франција. Во првите два дена на операцијата, 3242 возрасни мигранти ги капуштиле камп автобусите додека 722 деца се сместени во Привремен прифатен центар, според податоците на министерствата за внатрешни работи и станбени прашања.
Во „џунглата“ според податоците на фрнцуски власти, живееле 6300 мигранти, додека хуманитарните организации тврдат дека таму биле повеќе од 8000.