(ВИДЕО) Ова е палатата на Мугабе од злато
Објавено во: Свет 23 Ноември, 2017
Сега веќе поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе има палата со 25 спални соби во Харареу, а објектот вреди 10 милиони долари.
Неговата палата која се вика „Син покрив“ има две езера и се протега на 44 хектари.
Таа е заштитена со систем кој вреди неколку милиони долари.
Внатре има мермерни подови, скапи лустери и базен.
93 годишниот владетел со неговата сопруга Грејс уживал во луксуз.
Објавените фотографии покажуваат дека тие трошеле милиони за своите потреби.