(ВИДЕО) Ова е убиецот од Истанбул - прави селфи на плоштадот Таксим
Објавено во: Балкан 03 Јануари, 2017
Видеото со терористот е распространето од „Исламска држава".
Објавен е видеозапис во кој се гледа терористот од ноќниот клуб во Истанбул, како прави селфи на плоштадот Таксим.
На Нова година напаѓачот застрела 39 лица во клубот „Реина" на брегот на Босфор и рани десетици лица.
Меѓу убиените имаше многу странци. ИД ја презема одговорноста за нападот во Истанбул.