(ВИДЕО) ПАНИКА НА БАЛИ: Вулкан експлодираше по 50 години
Објавено во: Свет 21 Ноември, 2017
Вулканот Агунг на островoт Бали во Индонезија експлодирал за прв пат во последните 50 години.
Властите ги повикаа граѓаните и туристите на островот да останат смирени, откако вулканот започна да исфрла пепел и чад на 700 метри во висина на воздухот. Повеќе од 140.000 луѓе ги напуштија своите домови во последниве неколку месеци кога вулканолозите го почувствуваа активирањето на Агунг. Досега, нема промени во работата на меѓународниот аеродром во Бали. За време на последната ерупција на вулканот во 1963 година, скоро 1.600 луѓе загинаа.