Холандската полиција уби еден вооружен човек кој со нож им се заканувал на луѓето на аеродромот „Шипхол“ во Амстердам.
„Ситуацијата е под контрола. Повеќе информации ќе бидат објавени набргу“- соопшти полицијата.
Властите ја затворија зградата, иако воената полиција соопшти дека ситуацијата е безбедна.
Корисник на „Твитер“ на својот профил напишал дека аеродромот е евакуиран поради пукањето. Инаку, ова е еден од најфреквентните аеродроми во Европа.
Засега не се знае што правел човекот во моментот кога е застрелан.
#schiphol eerste beelden incident op schiphol. Man met mes neergeschoten door Marechaussee 2 pic.twitter.com/HYwiHkTwy9
— mlohnen (@mlohnen) December 15, 2017