(ВИДЕО) ПАНИКА ВО СУМАТРА: Се разбуди опасен вулкан по четири века
Објавено во: Свет 20 Февруари, 2018
Вулканот Синабунг на северот од островот Суматра во Индонезија исфрли пепел на висина од 5 километри, а силната ерупција го разнела и целиот врв на планината пренесуваат светските медиуми.
Фотографиите пред и после ерупцијата на индонезискиот Центар за вулканологија покажуваат дека цел дел од планината му фали на врвот.
Нема повредени, а на видео снимките кои се објавени се гледаат деца како со врескање бегаат од школото
Овој вулкан, кој е меѓу три вулкани кои моментално се активни во Индонезија, беше неактивен скоро четири века, а во 2010 година еруптираше, кога две лица загинале.
Регионалниот центар во Дарвин во Австралија издаде „црвен аларм“ за летови поради вулканскиот пепел.
Околу 30 000 луѓе биле приморани да ги напуштат домовите во подрачје околу вулканот во измнатите години.
Индонезија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, подрачје познато по сеизмичката активност и вулкански ерупции.