Видео: Пеколно бегство од Северна Кореја со дожд од куршуми
Објавено во: Свет 22 Ноември, 2017
Командата на Обединетите Нации го објави видеото од безбедносните камери на границата меѓу Северна и Јужна Кореја каде припадник на војската на Ким Џонг Ун го изведе пеколното бегство.
Тој со џип преминал преку контролна точка по што забрзано се движел кон територија на Јужна Кореја. Неколку војници отворија оган врз него и започнаа потера, па дури за кратко ја преминаа и границата што претставува кршење на спогодбата за прекин на судирот.
Војникот бил погоден со пет куршуми и неподвижен бил преземен од војници од Јужна Кореја кои ползеја кон него да го спасат во страв да не бидат застрелани. Дезертерот е пренесен во болница со американски воен хеликоптер по што ќе биде сослушан. Врз него се извршени две хируршки интервенции и сега се наоѓа во стабилна состојба.
Границата ја дели демилитаризирана зона која не смејат да ја преминат двете страни и служи како гаранција дека нема да дојде до вооружен судир со обезбедување на сојузничка војска претежно составена од американски воени стражари.