(ВИДЕО) ПЕРИКА ЛИ Е, НЕ ЛИ Е: Ветерот го разбушави Трамп и ја откри мистеријата за неговата коса
Објавено во: Свет 10 Февруари, 2018
Косата на американскиот претседател Доналд Трамп одамна е предмет на шпекулации. Поради неговиот неконвенционален изглед, многумина веруваат дека тоа е всушност перика.
Прашањето е дури и покренато пред Трамп на официјални настани, и тој секогаш вели дека неговата коса е вистинска и негова. Новото видео, кое го споделуваат стотици корисници на Интернет, конечно ја објаснува оваа тема, пишува The Guardian.
Видеото покажува како Трамп се качува во авионот Air Force One, кога силен ветер му ја разбушавува фризурата и открива доста голема ќелава дамка. Д-р Алан Бауман, кој се занимава со пресадување на коса во специјализирана клиника за оваа активност , коментира дека претседателот најверојатно поминал низ одредени постапки за косата.
„Според мое мислење на него му е пресадена коса. Исто така сметам дека зема лекови кои помагаат на растот, или пак користи вид нова ласерска терапија, што лесно би можело да се прикрие под бејзбол капа, со каква Трамп го гледаме често" додава д-р Боуман.
Тој вели дека лично се сретнал со шефот на државата и дека е убеден дека не е перика. Трамп, сепак, користел голема количина на коса за да ја одржи виталноста на косата.