(ВИДЕО) Пилоти се тепаат, авион паѓа, патници врескаат: Првиот спот на Вучиќ за претседателската кампања
Објавено во: Балкан 18 Февруари, 2017
Предизборната кампања за претседател на Србија се вжештува. Меѓу првите, се појави спот на премиерот на Србија Александар Вучиќ.
Пилотот им се обраќа на патниците во авионот на кој пишува „Србија 2017“:
-Дами и господа, ви говори вашиот капетан-потоа се слуша друг глас: -Ви говори вашиот друг капетан. И додека пилотите во кабината се караат за управувачот и не можат да се договорат во кој правец ќе лета авионот, авионот се навалува на десно, па кон лево, патниците скоро да испаѓаат од седиштата, во леталото владее хаос.
Тогаш од дремка се буди сегашниот премиер и кандидат за претседател на Србија Александар Вучиќ и сфаќа дека се било само сон.
-Ова би можело да биде најлошиот ноќен кошмар. Нашата земја, како и овој авион, е доверена на управување на двајца луѓе... вели Вучиќ.
Погледнете го неговиот прв предизборен спот: