ИМА НАДЕЖ ЗА ОВОЈ СВЕТ
(ВИДЕО) ПИСМО ДО ОБАМА: Момче му одржа лекција на светот!
Објавено во: Балкан 24 Септември, 2016
Шестгодишниот Алекс му пишал на американскиот претседател Барак Обама и го замолил да го пронајде сириското момче Омран Данкиш, кој го сака за брат.
Фотографијата на петгодишниот Омран минатиот месец го потресе светот бидејќи во неа се огледуваат стравовите на судирите во Сирија, потсетува Вашингтон пост.
На таа фотографија Омран, кој е извлечен под урнатините после едно од бомбардирањата на Алепо, седи во портокалова столица во возилото на брзата помош, а крв и прашина целосно му го прекриле лицето.
Неговиот 10-годишен брат Али почина од последици на повреди после бомбардирањата.
„Се сеќавате ли на момчето кое ја собра итната помош во Сирија? Можете ли, ве молам, да дојдете до него, и да го донесете во мојата куќа. Ние ќе му бидеме семејство, ќе биде наш брат“, напишал Алес до Обама.
Обама бил многу погоден од ова писмо па го прочитал на самитот на Обединетите нации посветени за бегалците.
Американскиот претседател сподели и видео снимка која Алекс ја постирал во средата на својот ФБ профил, каде во целина го прочитал писмото.
Снимката е споделена повеќе од 150 000 пати а досега е прегледана осум милиони пати.