(ВИДЕО) ПЛАЖИТЕ ЗАБЕЛЕА ОД СНЕГ: Вака вчера изгледаше Јадранскиот брег
Објавено во: Балкан 27 Јули, 2017
Веќе не се знае какви се временски прилики ќе не изненадат во само една недела. Еднаш е исклучително топло, а потоа падне град, како што неодамна се случи во Шпанија.
Во Истра, исто така вчера паднало толку многу град што го собирале со лопати, како да е декември, а не крај на јули.
Слично било и во Италија, на Јадранскиот брег. Капачите сигурно ќе се изненадат кога на плажа виделе снег наместо запечен песок.
Наместо сончање и брцкање во море, туристите и мештаните добиле глетка каква ретко се гледа.