29 Март, 2024
0.0257

(ВИДЕО) По 10 години од загинувањето срамни слики од гробот на Тоше-ова ли го заслужи?

Објавено во: Стил 20 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Во октомври оваа година ќе се навршат точно 10 години од трагичната смрт на македонскиот ангел Тоше Проески, а на неговото вечно почивалиште ќе затекнете срамотна глетка.

Имено, неговиот гроб се наоѓа на Гумење, над родното Крушево. Тоше и понатаму почива во импровизирана гробница покриена со тепих од вештачка трева во која е забоден дрвениот крст со неговото име датумот на раѓање и смрт.

Гробницата е поплочена со бекатон плочи, кои пропаѓаат и тонат а импровизираната метална конструкција е покриена и оградена со пластика и најлони.

Таква слика затекна и екипата на емисијата 360 степени на АлсатМ телевизија.

„Дај малку вештачка трева да покријам овде. Дај ми неколку плишени срциња да ги „закрпам“ дупките кои зјаат. Ти среди ја оваа страна, јас ќе ја маскирам другата да не се види дека ова место е во распаѓање, овој дијалог тогаш скоро секојдневно го воделе тројца луѓе кои се грижеле за уредувањето и обезбедувањето на гробот на Тоше. Тоа им станувало се потешко, бидејќи земјата на гробот тоне, а страничните бекатон плочи и кровна конструкција попуштале.


„Што да правиме? Местото го обезбедуваме од 2 ноември 2007 година. Многу луѓе дочекавме и испративме. Сите носат цвеќе, плишени срциња, мечиња...Ние тоа го средуваме, но некои работи не може да се маскираат со подароци. Гробот е во очајна ситуација. Телото на Тоше е покриено со земја која постојано тоне, а не неа е теписон со вештачка трева.

Паѓаат и страничните бекатон плочи, а попушта и кровната конструкција. Се се распаѓа“, немоќно тогаш рекол Ратко Трајчевски, еден од луѓето задолжени за чување и средување на гробното место.

Со реченицата „Кога би видел каде е , Тоше би се превртувал во гроб“, во нивниот разговор се уфрлил еден од фановите на покојната легенда и разочарано излегол надвор.

Парламентот во 2008 година, неполна година по неговата смрт, донесе одлука за изградба на меморијален споменик за Тоше Проески, кој постхумано е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Со средства од буџетот, споменикот требаше да биде готов за две години. Оттогаш помина скоро деценија, а Тоше и понатаму почива во гроб на кој нема ниту надгробна плоча.

Алсат се обидела да добие одговор зошто тоа е така, но нашила на ѕид од молчења во државните институции и Фондацијата Тоше Проески. Ретко кој во Крушево сака да разговара на оваа тема поради партиската поделеност во градот.

Импровизираната гробница е покриена и оградена со пластика, да ветерот не би ги разнесол предметите кои неговите фанови со љубов ги оставаат на гробот.

Дарија Илиќ од Словенија, една од најголемите почитувачи на Тоше, веќе научила како се влегува во ова, како го нарече „царство на љубов и сеќавање“.Секоја година по два месеци таа престојува во Крушево, секојдневно бдеејќи над гробот, бидејќи така душата и е помирна. И таа воочила дека се пропаѓа и дека работите кои се оставаат на гробот се кршат.

Според идејното решение кое го објави АлсатМ, на Гумење требаше да биде изграден меморијаен споменик на Тоше Проески, кој би се протегал од платото во близина на неговата Спомен куќа, па се до самото гробно место.

Објектот требало да има купола, црква, фонтана, шеталиште, степеници и многу цевеќе. Меморијалниот споменик требаше да биде изграден до 2012 година, но од тоа не е направено ништо.

Зарем Тоше заслужи да му вратиме на ваков начин?

Спуштете ги погледите и засрамете се, друго нема што да кажеме...