(ВИДЕО) Поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ протестираат пред Кривичен суд
Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2017
На ненајавен протест вечерва пред Кривичниот суд излегоа група граѓани поддржувачи и членови на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.
Овој протест следува откако СЈО денеска побара притвор за дел од политичката гарнитура на ВМРО меѓу кои е и лидерот на партијата Груевски.
Според пишувањата на медиумите на протест се излезени околу 300 граѓани а сообраќајот од крстосницата бул.„К.Мисирков“ и бул.„Г.Делчев“ кон ул.„Беласица“ е блокиран, известија од МВР за Макфакс.
Видео: Макфакс