Видео: Погледнете како Сергеј Трифуновиќ го имитира Еди Рама
Објавено во: Балкан 13 Мај, 2017
Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ имаше специјално гостување во емисијата 24 минути на Зоран Кесиќ на Б92 каде го имитираше албанскиот премиер Еди Рама.
Покрај тоа што изгледа многу слично како него и успешно ги „скинал“ неговите движења, Трифуновиќ говореше и на албански јазик па на пародичен начин ги коментираше сите проблеми кои се јавија на Балканот.
Видеото е старо две години но, повторно стекна огромна популарност поради се позаострените српско-албански односи.