(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ГРЦИЈА: Се бројат жртви
Објавено во: Балкан 15 Ноември, 2017
Во поплавите во околината на Атина се удавија 13 лица. Дестина лица се водат за исчезнати, а штетите се огромни, јавуваат грчките медиуми. Меѓу најпогодените се Мандра, Неа Перамос, Магула и Мегара.
Поплавени се домови и бизнис простории, пренесе АП.
Наведено е дека пожарната служба објавила дека неименувана жена загинала во својот дом во областа Мегаре, каде што е пронајдено и тело на настрадан маж, исто така во поплавена куќа.
„Работиме најдобро што можеме за да се соочиме со овие проблеми“- изјави портпаролката на пожарникарската бригада Ставрула Малирис за грчката агенција.
Улиците се полни со кал и шут. Грција вчера прогласи вонредна состојба на островот Сими кој беше зафатен од бура поради која беше прекината струјата и водата, многу домови беа поплавени, и голем број возила завршија во морето.