(ВИДЕО) Потресни сцени во моментот на силниот земјотрес кој ги погоди Турција и Грција
Објавено во: Балкан 21 Јули, 2017
Најмалку две лица загинале, а 170 се повредени во земјотресот со јачина од 6,7 степени по Рихтер кој се случи рано утрово во Егејското море во близина на популарни грчки и турски туристички дестинации, соопштија грчки и турски претставници.
На грчкиот остров Кос, според локални претставници, најмалку две лица загинале а 100 се повредени,
Преку патот, во турски Бодрум, околу 70 повредени се префрлени во болница.
На интернет се појавија снимки на кои може да се видат луѓе кои во паника бегаат во текот на земјотресот.
На една од нив се гледаат стратотни сцени од потресот во турска болница. Исто така, на снимката се слушаат и врисоци на луѓе додека цела болница се тресе, а посебно потресна е сцената на родители кои со мали деца се кријат под маса.
Недалеку од нив исто така под работна маса се крие една медицинска сестра.
Земјотресот се случил во 22.31 по средноевропско време, на длабочина од 10 км, соопшти Американскиоте геолошки завод.