Видео: Пресилен земјотрес во Турција предизвика цунами, има и жртви
Објавено во: Балкан 21 Јули, 2017
Силен земјотрес со магнитуда од 6,7 степени предизвика мало цунами на медитеранскиот брег во Турција. Епицентарот на земјотресот бил во близина на Бодрум, се почуствувал и на грчките острови Кос и Родос, а притоа властите известуваат дека засега има потврда за најмалку две жртви, како и за десетина поврдени.
Градоначалникот на Бодрум Мехмед Кочадон во изјава за Хуриет рекол дека сè уште е рано да се прават проценки на материјалните штети, но има голем број на однесени автомобили.
Според објавите на социјалните мрежи голем дел од хотелите покрај плажите биле поплавени што предизвикало голема паника меѓу туристите кои излегле на улиците исплашени за својата безбедност.
Бидејќи земјотресот е под површината на морето најверојатно нема да има поголеми последици на копно, освен што потоа се регистрирани неколку афрершокови со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала.