23 Април, 2024
0.0464

(ВИДЕО) Првиот летачки автомобил во светот ставен во продажба

Објавено во: Стил 15 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Холандскиот производител PAL-V го пушти во продажба Liberty - првиот летечки автомобил, наменет за комерцијална употреба.

Концептот на PAL-V Liberty дебитираше во 2012 година а тогаш компанијата сакаше да докаже дека може да создаде летечки автомобил, која е прилагоден како за пат, така и за воздух.

Револуционерното возило чини околу 425 000 фунти - што е поскапо од 26 автомобили Ford Fiesta. Цената на летечки автомобил вклучува и лет за обука. По најевтина опција на летечки автомобил, моделот на PAL-V Liberty Sport, ќе ги чини купувачите околу 254 000 фунти.


Возилата Liberty засега се "пионерски изданија" и само 90 автомобили ќе бидат продадени низ целиот свет, а 45 од нив доаѓаат во Европа.

Автомобилот е наменет за две лица и ќе биде потребена задолжителна лиценца за управување . Тој нема да може да полета и да слетува отсекаде. Конверзијата на Летечки автомобили од режим на пат кон режим на лет трае меѓу пет и десет минути.

„PAL-V намерно избраа да развијат, дизајниран и изграден летечки автомобил со докажана технологија и во целосна согласност со важечките прописи“, објавија денеска од компанијата пред медиумите и изразија очекување дека Северна Америка ќе биде најголемиот пазар за нивното иноваторство.


Првите испораки на Liberty се очекува да започнат кон крајот на 2018 година.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган