(ВИДЕО) РАБОТА ВРЕДНА 10 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Се гради најголемиот аеродром на светот
Објавено во: Балкан 28 Август, 2017
Во полн ек е изградбата на аеродром во Истанбул, на 35 км северно од европската страна.
Турскиот министер за сообраќај, Ахмет Арслан соопшти дека се ангажирани 30.000 работници и дека 57% од работите се завршени.
Се проценува дека кога аеродромот ќе се заврши ќе има 225.000 вработени.
До 2025 година на овој аеродром ќе поминат 120 милиони патници, кон 350 дестинации.
Изградбата почна пред 2 години, а градењето ќе се одвива во 4 фази.