(ВИДЕО) РАДЕВ: Треба да направиме луѓето од Македонија и од Бугарија да се чувствуваат како браќа
Објавено во: Балкан 15 Февруари, 2018
Бугарскиот претседател Румен Радев во интервју за бугарската агенција БГНЕС, во пресрет на утрешната посета на Република Македонија рече дека позицијата што ја зазеде македонското раководство беше пресврната точка.
„Таа и даде шанса за новата перспектива, кон која ние во Бугарија отсекогаш сме биле отворени. Треба да направиме се луѓето од двете страни на границата – и од Бугарија и од Македонија, навистина да се чувствуваат како браќа“ - вели тој.
Радев вели дека е добро што после долги години тој договор стана факт.
Тој рече дека треба да се материјализира Договорот за добрососедство, затоа што договорот, сепак, е само парче хартија, а односите треба да се развиваат многу подинамично и во многу области од взаемен интерес.
Радев е категоричен дека ќе се работи на полето на инвестициите, транспортот, енергетика, култура, образование.
За регионот Радев вели дека е важно да покажеме дека можеме проблемите да ги решаваме сами.
Во бугарската делегација ќе бидат и двајца митрополити. Претходно Македонската православна црква-Охридска архиепископија побара БПЦ да и стане црква-мајка. Радев вели дека тоа е прашање исклучиво во ресорот на црковната дипломатија, но дека ова одделни аспекти од него, можат да бидат предмет и на јавни дебати.