(ВИДЕО) Разорен земјотрес над 7 степени по Рихтер ги погоди Ирак и Иран-стотици мртви!
Објавено во: Свет 13 Ноември, 2017
Најмалку 214 лица загинале, а околу 2 800 се повредени во силниот земјотрес, кој ја погоди областа на иранско-ирачката граница, во иранската провинција Керманшах.
Ирански претставници наведуваат дека бројот на загинати би можел да биде уште поголем бидејќи спасувачки екипи уште не стигнале во оддалечените подрачја.
Сите расположливи екипи за спасување се на терен и се обидуваат да спасат што повеќе луѓе. Ројтерс наведува дека земјотресот бил со јачина од 7 степени и 7,9 по Рихтер, и дека оставил разорни последици на таа област бидејќи куќите се направени од трошен материјал.
Иранската телевизија наведува дека потресот се почувствувал во неколку ирански градови, дека осум села претрпеле штета, како и дека некои останале без струја.