22 Ноември, 2017
0.4833
    ALK 7231.17    -1.62%     BESK 10300    0%     GRNT 808.46    0.93%     KJUBI 1400    0%     KMB 2697.06    -0.11%     MPT 26306.88    -2.2%     OKTA 2530    -8.1%     RMDEN14 92.2    -2.95%     RZLV 45    0%     RZTK 450    1.81%     RZUS 106    -3.64%     SBT 1987    -9.86%     TNB 13500    0%     TPLF 1605.19    -0.11%     TTK 803.72    -1.5%     ZPKO 2601    0.04%

(ВИДЕО) Реакции за трејлерот од серијата „Македонија“

Објавено во: Стил 13 Ноември, 2017

 „Што е Македонија? Македонија е љубовна приказна, има две приказни, две љубови, и двете се мои. Во едната си ти, а јас оној кој беше сакан, па макар и вака, на самиот крај. Нека биде среќен крај…“ – Ова е пораката која ја пренесува трејлерот за серијата „Македонија“ објавен од Јадран Филм.


Гледајќи го трејлерот, „Македонија“ ќе видите дека тоа е љубовна приказна која во себе носи благородна порака на љубов и надеж! Серијата на која се работеше скоро две години веќе е дистрибуирана на голем број светски пазари и ќе биде гледана низ целиот свет. За нас и за „Македонија“ најважен дел на светот е Македонија и гледачите во Македонија.

Наша единствена цел е презентација на Македонија како љубовна приказна која ќе го воодушеви и засака светот.

„Судејќи според трејлерот, ми се чини дека повеќе станува збор за стереотипна слика за Македонија. Но, во секој стереотип има и по малку вистина, така што можно е се. Дали таа слика е вистинска или не – не можам да кажам бидејќи вистината никогаш не е една. Она што со сигурност можам да кажам е дека тоа е едно можно видување (она на авторите) за Македонија и како такво спаѓа во т.н. автоимагологија, т.е. во сликата што ја создаваме за себеси. А тоа е одговорна задача, особено кога се пласира од моќниот медиум – телевизијата. Останува да ја видиме серијата и секој за неа да суди според сопствениот вредносен систем.“ – вели Лорета Георгиевска. Таа смета дека серијата ќе и се допадне на публиката, затоа што стереотипните слики се лесно читливи и обично се совпаѓаат со колективните ставови.

Поп пејачката Кристина Арнаудов смета дека трејлерот навестува одлична серија. Таа додава дека се радува на експанзијата на филмската продукција во Македонија.

„Изминативе неколкумесеци, конечно слушаме македонски јазик на телевизија, кој не е синхронизација. Ете, конечно можеме да бидеме задоволни со она што се појавува како продукт на телевизија, иако досега не убедуваа дека не можеме да создадеме готов телевизиски производ, поради што се увезуваа турските сапуници. Искрено се надевам дека сето ова ќе се преслика и кај македонската музика“ – вели Кристина.

Можеби ќе ве интересира

Вакцини, придобивка или опасност?

Вакцини, придобивка или опасност?

МАКЕДОНСКО ХОЛАНДСКО-ШПАНСКА ПРОДУКЦИЈА НА ФЕСТИВАЛОТ „СОНОТ НА ОБЛАЧЕТО“: Сенките кажуваат повеќе од зборовите

МАКЕДОНСКО ХОЛАНДСКО-ШПАНСКА ПРОДУКЦИЈА НА ФЕСТИВАЛОТ „СОНОТ НА ОБЛАЧЕТО“: Сенките кажуваат повеќе од зборовите

Интервју со Благица Трпковска: Ми се случија многу гадости, но нема време за паѓање!

Интервју со Благица Трпковска: Ми се случија многу гадости, но нема време за паѓање!

Интервју со Ива Матиќ: Прва жена воен пилот во Македонија

Интервју со Ива Матиќ: Прва жена воен пилот во Македонија

„Фчерашни новости“: Зошто е потребно да се донесе законот за јазиците?

„Фчерашни новости“: Зошто е потребно да се донесе законот за јазиците?

(ВИДЕО) КРИЗА ЗА ДОМУВАЊЕ: Оваа земја не може да се справи со бројот на милионери

(ВИДЕО) КРИЗА ЗА ДОМУВАЊЕ: Оваа земја не може да се справи со бројот на милионери

ПЕЦЕ ОД „СУПЕРХИКС“: Музиката ме излечи по смртта на брат ми

ПЕЦЕ ОД „СУПЕРХИКС“: Музиката ме излечи по смртта на брат ми

Сани: Еден „погрешен“ чекор ми ја донесе најтешката животна битка

Сани: Еден „погрешен“ чекор ми ја донесе најтешката животна битка

Доктор Соња Ралева: Вакцини, да или не?

Доктор Соња Ралева: Вакцини, да или не?