19 Април, 2024
0.0296

Видео: Реми Галард ги навреди туристите во Франција, но „спаси“ човечки живот

Објавено во: Стил 21 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Познатиот „пренкстер“ Реми Галард направи уште една од неговите добро познати местенки, откако со авион прелета покрај плажите во близина на Монпеље пренесувајќи навредлива порака кон туристите да си одат дома. Втората порака беше испишана на шпански јазик бидејќи овој ресорт е во близина на Шпанија од каде доаѓаат многу гости. Третиот пат сакал да полета со навредлива порака на француски јазик но, полицијата пристигнала на аеродромот и го спречила во намерите. 

Инцидентот доби внимание и од градоначалникот Ивон Бурел кој побрза да им се извини на сите туристи пренесувајќи дека се добредојдени и го осуди „пренкстерот“. Реми Галард пак, тврди дека сакал да предизвика фама бидејќи спасувачите на плажите секогаш порано си заминувале од работното место. 

Токму неговата местенка допринела тие подолго да се задржат на плажата при што интервенирале кај еден турист на кој му се слошило, па затоа вели дека мило му е што го направил видеото.



Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре