(ВИДЕО) РУСИН ПОКАЖА ШТО Е ДОБРА ВОЛЈА: Прави преубави фотографии, иако е слеп
Објавено во: Свет 27 Март, 2017
Изложбата на фотографии на Александар Жураљов е посебна затоа што овој човек е слеп.
Тој посетил многу места во Русија и надвор од земјата, а своите впечатоци ги забележал со фотоапарат.
Фотографот вели дека се фокусира на други сетила како што се слух, вид, интуиција.
Тој на 11 години изгубил 98% од видот, а сега разликува само контури на светлина и темнина.
Никогаш не планирал да стане фотограф, но тоа се случило откако почнал да патува.
„Некогаш заборавам дека сум слеп. Мојот вид доаѓа одвнатре“ - вели тој.
Александар прво го обиколил Уралскиот регион, а потоа стигнал и до Индија и Полска.