(ВИДЕО) РУСИТЕ ГО ПОДОБРИЈА ЅВЕРОТ ОД ХЕЛИКОПТЕР: Тој ја запре Исламска држава, а сега е уште помоќен!
Објавено во: Свет 04 Јануари, 2017
Хеликоптерот Mi-28UB „ноќен ловец“, најнова модификација со двоен управувач успешно е тестиран и во 2017 година ќе почне да влегува во Вооружените сили на Русија, соопшти началникот на борбената обука за авијација на воздушно-космичките сили на Русија генерал мајор Олег Чесноков.
Хеликоптерите прво ќе бидат направени за 334 Центарот за обука на летачкиот состав во Торшка.
Во октомври беше објавено видео на првиот лет на модернизираниот Mi-28N, при производството на кој исто како и на Mi-28UB му бил воспоставен втор комплет за управување.
Најновиот Mi-28N ќе почне сериски да пристигнува во војската најдоцна во 2018 година.
Инаку, овој хеликоптер им дојде врз глава на џихадистите во Сирија.