19 Април, 2024
0.0263

(ВИДЕО) РУСКИ ХОБИТ: Бил богат адвокат, а потоа напушил се:Сега живее под земја со едно суштество!

Објавено во: Стил 18 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Поранешниот руски адвокат Јури Алексов пред 5 години се одлучил на драстична животна промена. Го напуштил животот во градот и дом создал во дупка под земјата 100 км од Москва. Направил колиба од глина и дрво во која живее со својот бел зајак Петрушко.

Овој несекојдневен човек го нарекуваат „руски Хобит“ , што поради неговиот изглед, што поради однесувањето и начинот на живот, а најмногу поради тоа што е голем љубител на Толин и неговите книги за животот на Хобит во „Средната земја“.

Поранешниот адвокат сета своја заштеда ја потрошил во адаптација на својата нова куќа. На кровот на неговата колиба се наоѓаат соларни панели поради што има струја, а се погрижил и за изолацијата како не би го поплавувало.

Јури набрзо станал локален симбол и кај него често доаѓале луѓе оставајќи му непотребни работи. Сега во колибата се наоѓа и книжара, односно библиотека „Worldwide Bookcrossing Library” во која луѓето доаѓаат и позајмуваат книги или донесуваат свои.

На големиот чекор во животот, да ја напушти адвокатурата и да стане некој вид на „библиотекар“ се одлучил бидејќи како адвокат живеел под голем стрес, се изморил од чести патувања и на крај сфатил дека не е среќен, а сега живее мирно и не размислува за грешките кои може да ги направи бидејќи какви потези и да направи нема да има некои големи последици, за разлика од поранешната работа, а тоа и го наведува како најголема предност.

Погледнете ја неговата животна приказна:




Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре