25 Април, 2024
0.2543

(ВИДЕО) СЕ ПРОДАВА ОСТРОВ: Цената ќе ве изненади

Објавено во: Стил 28 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Шкотски остров се продава за многу поволна цена. 

Станува збор за островот Вејла Саунд, кој се наоѓа на западната страна на Шетланд, и е понуден на продажба за 250.000 фунти или околу 285.000 евра.

Таму има само две стари куќи, за чија обнова веќе има одобренија. На идниот сопственик му е дозволено да постави ветерници и соларни панели, септички резервоари, канализација и систем за собирање дождовница.

Британските медиуми пишуваат дека островот чини двојно помалку отколку стан во Лондон. За таа сума може да се купи само двособен стан во Ромфорд, предградие во источен Лондон

Островот е ненаселен уште од 1939 година, а до него може да се стигне со чамец. На островот има и мало езеро.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти