(ВИДЕО) СЕ ТРЕСЕ ЦЕЛ СВЕТ: Три силни земјотреси ја преплашија планетата
Објавено во: Свет 13 Ноември, 2017
Три силни земјотреси се случија синоќа и рано утрово, а погодени се пограничната област помеѓу Иран и Ирак, истокот на Јапонија и Костарика.
Најлош бил силниот земјотрес кој ја погоди границата меѓу Ирак и Иран -Керменшах и убил, според последни информации 214 луѓе, додека повеќе од 2 800 се повредени.
Јачината на тој земјотрес била помеѓу 7 и 7,9 степени од Рихеровата скала.
Потрес со јачина од 5,8 степени на Рихтеровата скала денес го потресе источниот брег на Јапонија, соопшти американскиот Геолошки институт. Земјотресот ја погоди областа на 351 км источно од Сендаја на острвото Хонша, на длабочина од 9,5 км.
Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени по Рихтер ја погоди и Костарика, и тоа руралните подрачја во близина на туристичкиот град Хака. Настрадале три личности. Материјалната штета не е голема и не е издадено предупредување на цунами.
Земјотресот се случил на 43 км југозападно од престолнината на Сан Хосе на длабочина од 20 км, соопшти американскиот Геолошки завод.
Moment deadly Iraq-Iran border earthquake struck caught on VIDEO (courtesy: @Rudawkurdish) https://t.co/hTyiDFz3pX pic.twitter.com/N3trjp0WO9
— RT (@RT_com) November 13, 2017