(ВИДЕО) СЕ УРНА АВИОН: Паника, пожар, има и мртви
Објавено во: Свет 16 Мај, 2017
Две лица загинаа синоќа откако мал авион од типот „Лирџет 35“ се урна при слетувањето на еден аеродром во близината на Њујорк.
Авионот се урнал на околу 500 метри пред пистата на аеродромот Тетерборо, паѓајќи врз складиште и индустриски комплекс. На местото на несреќата избил пожар. Несреќата се случила околу 15:30 часот по локално време. Властите информираат авионот полетал од Филаделфија.
Според полицијата, двете загинати лица се наоѓале во леталото, а при инцидентот нема жртви во објектите врз кои паднал авионот.
Причините за падот на „Лирџетот“ засега не се познати.
Аеродормот Тетеборо се користи за мали приватни и спортски авиони.