(ВИДЕО) СЕ УРНА ЗГРАДА ВО ИСТАНБУЛ: Има мртви!
Објавено во: Балкан 13 Јануари, 2017
Во истанбулската населба Зејтинбурн се урна една зграда , а како што пренесуваат турските медиуми едно лице загинало, а пет се повредени.
Зградата која се урнала се наоѓа во европскиот дел на Истанбул и во моментот на уривањето во неа немало луѓе бидејќи во тек бил процес на санација.
Настрадале минувачи.
На лице место се спасувачките екипи и итна помош, пренесуваат турските медиуми.