(ВИДЕО) Шилегов јавно го покани Коце на дебата - што тој му одговори?
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2017
Шилегов денеска го покани Трајановски на дебата.
Кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов денеска го прекина својот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски додека даваше изјава на настан на кој кандидатите требаше да ја потпишат „Платформата за чист воздух“, од граѓанската иницијатива О2 коалиција за чист воздух, и го покани на снимањето на дебатата меѓу кандидатите за градоначалник на Скопје која ја организира телевизија Телма во 16 часот.
„Да излеземе на дуел, денеска во 4 ве поканувам поканувам да не бидете арогантни да излеземе пред јавноста заедно со другите кандидати, му рече Шилегов.
На ова одговор даде и Трајановски.
„Зошто ме прозивате мене, нели дојдовме овде да дискутираме? Зошто ме спомнавте мене“ - му рече Трајановски на Шилегов и ја напушти говорницата каде што ја даваше изјавата.
Видеото Шилегов го објави на својот Фејсбук профил.