Видео: Шоуменот Дачиќ му пееше на Ердоган
Објавено во: Балкан 11 Октомври, 2017
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ кој освен политичка може да има и музичка кариера повторно ги покажа своите шоуменски способности. Овој пат, му запеа на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на собирот на турски и српски бизнисмени во Белград.
Дачиќ ја испеа турската верзија на познатата песна „Осман ага имаш ќерка убава“, што предизвика воодушевување кај присутните кои се забавуваа со Дачиќ.