(ВИДЕО) ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО РЕГИОНОТ: Гори во Црна Гора, БиХ и Хрватска
Објавено во: Балкан 16 Јули, 2017
Во Црна Гора, БиХ и Хрватска беснеат шумски пожари.
Само во Задарската жупанија има десетина пожари.
Во гасење на огнот се вклучени копнени и воздушни сили, а пожари има во Бенковац, Паг и Обровац.
Ветерот кој дува им ја отежнува работата на пожарникарите во Херцег Нови кои исто се борат со огнена стихија, а помагаат и граѓаните. Зафатени се 100.000 квадратни метри површина. На терен се 10 противпожарни возила.
Најголем пожар има во општина Љубиње, пожар каков постарите жители на паметат.