19 Април, 2024
0.0236

Видео: Швајцарците го прават најпрактичниот куфер кој се витка

Објавено во: Стил 17 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Швајцарската стартап Freitag ја најави јавната кампања за финансирање преку KickStarter преку која се надева дека ќе собере средства за нивниот иновативен куфер кој може да се свитка во ролна и со тоа да не ви зазема голем простор во домот, а кога ќе ви притреба за патување лесно се активира со пумпање исто како на велосипедска гума. 

Куферот Zippelin има капацитет од 85 литри, како и монтажни тркалца за полесно носење кои брзо се поставуваат и одмотуваат по потреба. Изработен е од рециклиран тарпаулин цврст водоотпорен материјал што го има на камионите, додека тркалата се од скејтборд.

Куферот може да се надува со стандардна пумпа, а доколку случајно се дупне гумата, тука е џебот со патент.

Секој куфер ќе биде уникатен со посебен дизајн со тоа што првите инвеститори ќе го добијат за околу 300 евра. Првата испорака се очекува следниот април, а доколку кампањата е успешна ќе следи и поголемо производство.



Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре