(ВИДЕО) Силен земјотрес го стресе Фиџи - граѓаните се плашат од цунами
Објавено во: Свет 14 Јануари, 2017
Земјотрес со јачина од 6.2 степени го стресе утрово островот Фиџи.
Сепак предупредување за цунами не е издадено.
Потресот се случи на југозапад од островот.
Како што јавува Ројтерс, засега нема пријави за штети и жртви.
Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала, на 4 јануари годинава го погоди Фиџи.
Утрово земјотреси имало во Албанија, Иран, Турција, Италија, Кипар.