Видео: Силно невреме со град го погоди Загреб
Објавено во: Балкан 28 Јуни, 2017
Хрватската престолнина Загреб ја погоди ново силно невреме со паѓање на крупен град, а најмногу се одрази во населбата Голема Горица. Невремето донело и пороен дожд и силен ветар.
Како што пишуваат хрватските медиуми, во околината на Загреб настрадале земјоделските посеви, а во околината на градот има и откорнати дрва.
Иако невремето траело само дваесетина минути, тоа било доволно за да ги исплаши загребчани.
Метеоролозите најавуваат дека нестабилното време ќе продолжи и утре.